Меѓународна конференција за инцијативи и решенија по пожарот во Кочани

Денеска во Скопје, високи државни претставници и експерти дискутираат за институционалните и клиничките аспекти по пожарот во Кочани.

Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани ќе се одржи денеска во Скопје. Учествуваат високи државни претставници, меѓународни експерти и водечки медицински професионалци од регионот и Европа.

Воведните обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се закажани за 09:30 часот во DoubleTree by Hilton. Конференцијата ќе започне со краток комеморативен момент посветен на жртвите и последиците од трагедијата.

Темата на првиот панел, насловен „Европскиот механизам за цивилна заштита и меѓународниот одговор“, ќе опфати меѓународните реакции по пожарот, координацијата меѓу државите и активирањето на европските механизми за итни ситуации. Панелистите вклучуваат Ивица Томовски, Сиен Ванломел, д-р Игор Мерџановски, Панче Тошковски, Владо Мисајловски и Валентина Атанасовска.

Вториот панел, „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“, се фокусира на медицинскиот одговор, тријажата и сложените третмани за изгореници, со учество на прим. д-р Јасмина Горѓиевска, проф. д-р Марија Срцева, д-р Елизабета Обочки и други експерти.

Третиот панел ќе се посвети на мултидисциплинарниот пристап, рехабилитацијата и опоравувањето, со учество на д-р Катерина Мирчовска, проф. д-р Славица Арсовска и д-р Симона Јовановска.

Панелот „Од искуство до решенија – улогата на заедницата и институциите“ ќе започне со видео пораки од пациенти, а потоа ќе следи дискусија за институционалното учење и системските реформи.

Конференцијата завршува со презентација на министерот за здравство Азир Алиу за националните решенија, доделување благодарници на здравствените установи и официјално обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Извор: nezavisen.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни