Конечно пристигна документарниот филм на Бијонсе – „Ренесанса“

Долгоочекуваниот филм на Бијонсе „Ренесанса“ конечно пристигна, а обожавателите ширум светот пристигнуваат во кинo салите.

Голем дел од обожавателите облечени во аутфити инспирирани од Бијонсе ги наполнија кино салите во Лос Анџелес каде што се прикажуваше новиот документарен филм на Бијонсе .

„Многу сум возбуденa што ќе имаме можност да видиме се што се случувало зад сцената пред нејзините настапи. Отидов на роденденски концерт на Бијонсе во ЛА, и тоа беше најдобриот концерт на кој сум била“, вели Џесика Лин Дијаз, член на фан групата Beyhive .

Веднаш по почетокот на шоуто, киното се трансформираше во концерт во живо. За време на филмот, обожавателите честопати пееа и танцуваа заедно.

Некои од фановите кои биле присутни на премиерата на филмот изјавија дека ова била доста емотивна вечер за нив.

„Искрено не можев да престанам да плачам. Бијонсе. Нејзината уметност, нејзината магија, нејзината суштина…Таа е дефинитивно уметникот на нашата генерација“, вели еден од обожавателите.

Во филмот, на повеќе сцени беше прикажана и емотивната страна на Бијонсе за благодарноста која ја чувствува. Таа отворено зборува за физичките и менталните предизвици со кои се соочувала додека работела на реализација на ренесансната турнеја. Размислувајќи за нејзиниот астрономски успех, Бијонсе ја откри борбата која ја води за да биде слушната како професионална црнка во светот на музиката. Филмот ја долови нејзината грациозна решителност, но истовремено и  ранливост, пренесувајќи големи очекувања.

Многумина од фановите го споделија своето воодушевување од филмот и за тоа како овој документарец ги надминал нивните очекувања.

Овие чувства со сигурност ја отсликуваат надежта и очекувањата кои ги имала Бијонсе за албумот и филмот. Во трејлерот, на кој се наоѓа дел од турнејата, таа  вели: „Се надевам дека се чувствувате ослободени, но ренесансата не е завршена“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни