Конечно: Од оваа година ист полнач за сите мобилни телефони, таблети и камери во ЕУ

„Сите мобилни телефони, таблети и камери ќе мора да имаат ист полнач оваа година“ слотот за USB-C (USB Type C) станува стандард, потсети Европската комисија во објава на Фејсбук непосредно пред светот да зачекори во 2024 година.

„Чекањето заврши. Од 2024 година наваму, USB-C ќе биде единствен стандард за сите електронски уреди во ЕУ. По 2024 година, нема повеќе да слушнете: „Жал ми е, го немам тој кабел“, објави Европската комисија на Фејсбук, истакнувајќи дека позитивните ефекти се веќе видливи.

Благодарение на новите регулативи, на потрошувачите повеќе нема да им треба нов полнач за секој уред, бидејќи можат да користат универзален полнач за широк спектар на мали и средни електронски уреди.

Одлуката која ја поддржа хрватската европратеничка Билјана Борзан е донесена пред неколку години, а Советот на ЕУ неодамна даде конечно одобрение за задолжително воведување на еден полнач за сите електронски уреди. Со ова, меѓу другото, значително ќе се намали е-отпадот.

Важно е да се напомене дека оваа промена нема да стапи на сила веднаш на 1 јануари новата година, туку ќе потрае одреден период на прилагодување. Задолжителната употреба на универзален полнач се очекува да започне до крајот на 2024 година за сите мобилни телефони, таблети и други електронски уреди. Понатаму, од пролетта 2026 година, истиот полнач ќе мора да се користи и за лаптопи.

И покрај првичните грижи на некои компании, Apple, на пример, веќе почна да продава мобилни телефони со USB-C слот во ЕУ оваа година. Производителите и трговците на мало сè уште имаат време да се прилагодат на новото правило, а ЕУ верува дека стандардизацијата на слотот USB-C ќе има позитивно влијание врз потрошувачите низ Европа.

Извор: tportal.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни