Концертот на Џез оркестарот и Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Во фоајето ќе бидат поставени и кутии за донации во кои ќе може дополнително да се донираат средства“, велат од оркестарот

Kонцертот на Националниот џез оркестар (НЏО) на 25 март во Националната опера и балет сепак ќе се одржи, беше објавено на неговата официјална фејсбук страница.

На концертот ќе гостува Марија Мендеш, португалска пејачка и композиторка која живее во Холандија, а настанот ќе биде хуманитарен.


„Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Во фоајето ќе бидат поставени и кутии за донации во кои ќе може дополнително да се донираат средства“, велат од НЏО.

Музиката на Мендеш е уникатна мешавина од џез и португалска фадо музика. Заедно со пијанистот и аранжер Џон Бизли, таа преработува стари фадо песни во модерни, џез аранжмани. Токму овој материјал, дополнително обработен за биг бенд оркестар од страна на Владимир Николов, кој ќе диригира, ќе се свири на концертот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни