Во издание на PMGJazz

Концертна промоција на новиот албум на Светлост-„Everything Was As It Had Been A Minute Ago“

Во среда на 5 јуни во 21: 00 часот во Музеј на современата уметност Скопје, во склоп на Skopje Pride Weekend, ќе се одржи Концертна промоција на новиот албум на Светлост- „Everything Was As It Had Been A Minute Ago“.

Овој настап, ќе биде и официјална промоција на албумот, издание на PMGJazz.

Светлост се неидиоматско/импровизаторско трио од Скопје, составено од Кристијан Новковски (тапани), Нинослав Спировски (кларинет, сопран саксофон и тенор саксофон) и Дени Омерагиќ (бас, синтисајзери и електроника). Препознатливи по спонтаниот уметнички израз и наджанровската естетика, Светлост се наметнува како еден од најзначајните чинители на современата креативна сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни