Концертна промоција на најновиот албум „Let Us Be“ на гитаристот и автор Владимир Четкар

Настанот ќе се одржи со почеток во 21 часот, на поткровјето на мултимедијалниот простор Јавна Соба (Public Room) во Скопје

На 8 мај, четврток ќе се одржи концертната промоција на најновиот албум „Let Us Be“ на светски познатиот македонски гитарист и автор Владимир Четкар.

Настанот ќе се одржи со почеток во 21 часот, на поткровјето на мултимедијалниот простор Јавна Соба (Public Room) во Скопје. Овој концерт  Четкар го означува и почетокот на големата меѓународна турнеја, која ќе продолжи во неколку американски метрополи – Бостон, Њујорк, Чикаго – а потоа и во Јапонија. Албумот „Let Us Be“ е четвртиот студиски проект на Четкар, снимен во Чикаго со учество на повеќе од 40 врвни студиски музичари и саунд инженери.

Изданието, кое беше ексклузивно објавено во Јапонија преку музичката куќа P-Vine Records, веќе се најде на полиците на јапонските музички продавници рамо до рамо со имињата на легендите како Брус Спрингстин и Џими Хендрикс.

„Албумот е инспириран од секојдневни моменти, љубов, предизвици и искрени емоции. Сакам на концертот заедно да го славиме животот, мигот, прошката и љубовта. На албумот симболично порачувам – оставете нè да бидеме она што сме и какви што сакаме да бидеме,“ вели Четкар во пресрет на промоцијата. Тој додава дека настапот во Јавна Соба за него претставува посебно искуство, бидејќи просторот го доживува како генератор на урбана енергија и вистински вредности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни