Денес, во склоп на фестивалот Скопско Лето 2025 ќе се случи премиерниот промотивен концерт на новиот музички албум на Никола Стојковски (ФИН проект) и Тања Царовска насловен “Егрегор”.
Настанот следува по јубилејниот ФИН Проект Оркестра албум и соработките со Петар Христов на изданието ,,Контемплација”, како и Indie Monastery remixes со светски реномираниот композитор Марсело де Франчиши. Концертот ќе се случи на една од најинспиративните концертни локации во Македонија, Куршумли Ан (Стара Скопска Чаршија) со почеток во 20:30 часот.
Како гости изведувачи ќе настапат Петар Христов (саксофон и кларинет) и Горан Трајкоски – Готра, на пијано Билјана Петровска, бас и контрабас Андреа Мирческа, како и Илија Јовчев – виолина, Ева Ристеска – виолина, Ангела Винтовска -виола и Александар Ицковски – виолончело.
Билети на влезот по цена од 400 мкд.