Од страна на организаторите, објавена е целосната програма за овогодинешното издание на фестивалот на отворено When in Krusevo 2025.
Настанот официјално започнува во петок на 8-ми Август со подигнување на пакетите од учесници, од 16 до 20 часот во параглајдинг центарот, во центарот на Крушево. Во 18 ч. се отвора т.н. chill out зона на Крушевско Езеро, а во 19 ќе започне детскиот музички фестивал „СИДО” пред споменикот Илинден (Македониум). Од 21:30 започнуваат концертите на Трето Колено, Revelation и ди џеј Бапчу, исто така пред споменикот Македониум.
Сабота, 9-ти Август.7:45 – почеток на планинарска тура од манастирот Св. Преображение8:30 – почеток на велосипедска тура пред спомен куќа Тодор ПроескиВеднаш после турите од 12 часот ќе започне забавата со Естефано на ски терените, односно во ресторан Алто, а на истата локација учесниците ќе можат да уживаат во адреналинскиот парк.
Од 13 часот започнуваат јавањето коњи, SUP и кајак на Крушевско Езеро. Во 17 часот закажан е промотивен тренинг во биатлон на Гумење. Вечерната забава започнува во 22 часот, овој пат во градскиот парк со Дупер, а потоа ди џеј Доменико Талеса.
Последниот ден од настанот е резервиран за тандем параглајдинг, посета на музеи, саем на храна и пијалоци во градскиот парк и инклузивен настан за подигнување на свеста за социјално ранливи лица и детски игри. Ќе се одржи и театарска претстава од 11:30 часот, а на ски терените ќе се спроведе еко акција со почеток во 16 часот.
Пријавите се’ уште се отворени на следниот линк.