Концерт за 25 години КУД „Младост“ од Кичево

Вечерва во 19 часот, во големата сала на Центарот за култура во Кичево, ќе се одржи концерт по повод 25-годишнината од основањето на КУД „Младост“ од Кичево.

На сцената ќе настапат повеќе генерации на членови од друштвото, вклучувајќи ги поранешните игроорци, како и сегашните од првата и втората постава. Концертот ќе биде збогатен со настапи на гости-игроорци и солисти. Во програмата се вклучени орските сплетови „Повардарие“, „Ѓурѓовден“, „Комитско“, „Малешевка“, „Копачија“, „Вардарки“ и „Раштак“, а гости ќе бидат групата „Бели мугри“ и солистите Мики Данилоски и Катерина Танеска. На сцената ќе настапат околу 70 игроорци, како дел од одбележувањето на долгогодишната историја на друштвото, кое има реализирано над 500 концерти во земјава и странство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни