Во Македонскиот народен театар вечерва концерт одржува Оркестарот за џез-музика на Република Северна Македонија во чест на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Јапонија.
Како што информираше Министетството за култура и туризам, на репертоарот се композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот од Јапонија – Нобуо Ватанабе.