Денес во 15 часот во Париз, Франција се одржа концерт со дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации.
Програмата на концертот во првиот дел започна со Соната за флејта и пијано од Стојан Стојков, Свита за флејта и пијано од македонскиот композитор Вања Николовски Ѓумар, следуваа композицијата „Охридски бисери“од А. Мелоти, „Метеори“ на еминентната композиторка Валентина Велковска – Трајановска, делото „Диалог“ за флејта и пијано оп. 105 по Омаж на Клод Дебиси и Свита за пијано од Томислав Зографски, за на крај да бидат изведени „Варијации на тема“ од познатиот композиторот Љ. Бранголица.
Концертната програмата е конципирана да опфати македонски композитори од постарата генерација, како Зографски, Бранѓолица, Мелоти, па се’ до најмладите автори како Ѓумар и Велковска – Трајановска.
Програмата изобилува со разноликост, по форма, карактер и музичка мисла и допринесува до целосно уживање и заинтересираност на истата од страна на публиката.