Концерт „Пронаоѓање на ритамот“ во Скопје – 30 млади музичари настапуваат на 17 февруари

30 млади европски музичари настапуваат во Камерната сала на Филхармонија во рамки на серијата на FAME’S

Втората вечер од февруарската концертна серија на Институтот FAME’S ќе се одржи на 17 февруари во Камерната сала на Македонската филхармонија со проектот „Пронаоѓање на ритамот“, во кој учествуваат триесет млади музичари од Европа.

Концертот е резултат на едукативна програма фокусирана на истражување на ритамот како основен елемент на музичката комуникација и соработка меѓу различни музички традиции.

Даглас Маринер

Учесниците работат со диригентот Тимоти Редмонд и џез-тапанарот Даглас Маринер, кои ги водат низ процес на оркестарска работа што ги комбинира прецизноста на класичната музика со слободата на импровизацијата.

Според Редмонд, кога музичари од различни традиции соработуваат, ритамот станува нивниот заеднички јазик и основа за сценска енергија.

Тимоти Редмонд

Програмата е замислена како музичко патување низ ритми инспирирани од џез, блуз и урбани музички изрази на дваесеттиот век, со цел интеграција наместо жанровска поделба.

Организаторите наведуваат дека проектот претставува модел на современа оркестарска едукација во која младите музичари стекнуваат практично искуство преку директна работа со меѓународни уметници и настап пред публика.

Картите се достапни преку продажната мрежа на MK Tickets.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни