На концертот на Марко Перковиќ Томсон во спортската сала „Грипе“ се слушнаа скандирања „Ајмо усташе“, како и усташкиот поздрав „За дом спремни“ за време на песнатаБојна Чавоглаве
Маичката со бројот на Бушиќ
Томсон се појави во црна маичка со број 03941158, затворскиот број на Звонко Бушиќ, кој во 1976 учествувал во киднапирање на американски патнички авион. Тој бил осуден за убиство на американски полицаец и поминал 32 години во затвор.
Концертот беше преполн, а контроверзниот избор на песни и симболи повторно предизвика внимание од јавноста и медиумите.
