Концерт на Симон Трпчески на 20 декември во арена „Борис Трајковски“

Маестро Симон Трпчески заедно со квинтетот „Македонисимо“ на 20 декември во арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе одржат концерт, кој ќе биде посветен на 25-годишнината од неговата уметничка кариера.

Како што најавија организаторите, во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, концертот ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и врвна интерпретација. Заедно со квинтетот „Македонисимо“ и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги надмине жанровите и границите.

-По минатогодишниот фантастичен концерт во арена „Борис Трајковски“, кога Симон Трпчески ја наполни салата до последно место и ги остави присутните без здив, годинава тој се враќа со јасна причина за славење. 25 години врвна музичка кариера, исполнета со настапи на најпрестижните сцени, соработки со елитни оркестри и интерпретации што оставаат траен печат. Пат исполнет со непоколеблива посветеност кон уметноста, со страст што не згаснува и со визија што постојано се надградува. Јубилеј што сведочи за храброста да се остане верен на сопствениот израз, дури и кога тој го менува светот околу себе, се вели во соопштението за претстојниот концерт.

Настанот е во организација на „Прагма продукција“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни