Концерт на Шопен по повод завршувањето на полското претседателство со Советот на Европската Унија

Настанот се надоврзува на концертите на Шопен кои се одржуваат секоја година во паркот Лазиенки во Варшава и привлекуваат голем број на љубители на класичната музика

Во сабота на 21 јуно во 18.00 часот во Градски парк ма Чколка ќе се одржи кКонцерт на Шопен по повод завршувањето на полското претседателство со Советот на Европската Унија.

„Срдечно Ве покануваме сите на  концертот во изведба на пијанистот Иван Трајковски со композиции од Фредерик Шопен, кој ќе додаде раскош на крајот на полското претседателство со Советот на Европската Унија. Концертот е отворен и бесплатен за сите кои ќе најдат време да се запознаат со нас во градскиот парк во Скопје во сабота на 21 јуни во 18:00 часот. Настанот се надоврзува на концертите на Шопен кои се одржуваат секоја година во паркот Лазиенки во Варшава и привлекуваат голем број на љубители на класичната музика. Придружете ни се и ајде да ги слушаме делата на Шопен во македонска верзија заедно“ порачуваат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни