Во недела во 11 мај во во 21 часот во Ла Кања концерт ќе имаат Putan Club. По нивниот незаборавен лански концерт, еве уште една ретка можност да се доживее оваа атипична реалност на светскиот музички андерграунд. Екстремен пример за бестрашен отпор кон нашите апатични времиња.

Putan Club (Франција/Италија) е ентитет посветен на вечно движење, способен да помине илјадници километри низ светот и да отсвири 150 концерти годишно. Тоа е исконскиот субверзивен импулс, бесната волја да се вреска пред диктатите на еден систем што се урива.Ритуалност, контакт, енергија, неред, анти-конформизам … преточени во моќен звук во кој се испреплетуваат индустриски парчиња, темни техно понирања и опсесивни пост-панк дијагонали кои продираат во утробата и поттикнуваат ослободувачки танц, физичка вклученост и колективно учество.
На оваа турнеја Putan Club го промовираат нивниот најнов албум „Filles D’Octobre“, дистрибуиран од контракултурниот колектив Toten Schwan Recordѕ.
Концертот е дел од серијалот “Нова пролет” со кој Канал 103 одбележува 34 години