Во вторник, на 17 септември во Мала сала на Филхармонија, 20 часот ќе се одржи Концерт на пијано дуо на Јасмина Трајческа и Ловорка Немеш Дулар во рамките на есенската сезона на фестивалот „Денови на македонска музика“.
На концертот ќе бидат изведени дела за две пијана од македонските композитори Томислав Зографски и Стојче Тошевски, со што ќе се одбележат нивните значајни јубилеи: 90 години од раѓањето на Зографски и 80 години од раѓањето на Тошевски.
Програмата вклучува и дело за две пијана од словенечкиот композитор Јанез Матичич.
Концертот ќе го слави богатото музичко творештво на двата региона преку длабоки и впечатливи изведби, кои ќе понудат свеж поглед на делата на овие истакнати композитори.