Во камерната сала на Филхармонијата вечерва во 20 часот концерт ќе одржи пијано триото „30 прсти“. Триото е составено од пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевски. Тие ќе изведат дела од Жан Крас, Расим Рамазанов, Стив Рајх/Дионисис Боукоувалас и од македонските композитори Бете Илин и Дамјан Темков.
Марија Вршкова од Битола, дипломирала на ФМУ во Скопје со највисока оценка на универзитет, Cum lauda во класата на проф. Т. Светиев, каде и ги завршува магистерските студии по пијано. Добитник е на повеќе награди во поранешна Југославија, а најзначајна и е нагрдата Трети ноември на меѓународниот натпревар на млади пијанисти во Рим. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар.
Весна Ангелова-Христов, дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф. Борис Романов. Магистрирала на интепретација на пијано на ФМУ под менторство на реномираната пијанистка Рита Кинка. Добитник е на бројни државни и меѓународни награди. Била учесник на меѓународни мастер класи кај познати пијано педагози, настапува како солист и камерен музичар низ Македонија. Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Чешка, САД. Настапувала на бројни музички фестивали во земјата и во странство.
Петар Макариевски, во 2001 година дипломирал на ФМУ Скопје во класата на проф. Јасминка Чакар.Од 2001 до 2003 посетува магистерски студии во Софија, а од 2011 година добива асистентско место на Државниот универзитет во Атланта, САД и паралелно завршува магистерски студии кај проф. Серѓо Гало. Додека престојува во САД активно реализира концерти и работи како хонорарен пијано соработник на универзитетот.