На платото на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, на 12 септември со почеток во 20.30 часот, Никола Зацески, со неговите пријатели ќе го одржат концертот „Срцето мое тука чука“.
,,Навистина е посебно чувството кога некого познавате од почетокот на неговата кариера, а подоцна имате привилегија да ги промовирате неговите успеси. Бидете дел од овој настан и ќе дознаете зошто гласот и енергијата на овој млад и талентиран битолски музичар е посебна” велат организаторите.
Настанот е поддржан од Министерство за култура и туризам, Општина Битола и ЈОУ Културен и информативен центар Битола.