Концерт на Никола Мицевски со проектот „New era“

После големите промотивни концерти во НУ – Центар за култура – Битола, народниот тетар “Јордан Хаџи Константинов – Џинот” во Велес и концертот во Македонската Филхармонија во Скопје, проектот на Никола Мицевски “New Era” ќе можете да го видите и во малку поинтимно и ексклузивно издание со многу гости во “Public Room” на 18ти Мај.

Проектот “NEW ERA” претставува симбиоза на различни жанрови, едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното и солистички инструменти.


Овој пат покрај Никола Мицевски и пријателите ќе има и неколку гости како изненадување.

Влезниците чинат 400 денари и можете да ги набавите на следниот линк на https://ticketx.mk/events/nikola-micevski

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни