Концерт на Националниот џез оркестар и Васил Хаџиманов на сцената на Долни Сарај, Охрид

На 11 август, со почеток од 22 часот, на сцената на Долни Сарај, Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор и лидер на бенд, познат по својот иновативен пристап кон џез-фјужн и светската музика – Васил Хаџиманов.

На концертот во Долни Сарај ќе бидат изведени дел од најпознатите композиции на Хаџиманов, адаптирани за изведба со биг-бенд, како и композиции од неодамна промовираниот албум “Keyf.” Аранжманите на композициите се на Владимир Николов, Тони Китановски и самиот Хаџиманов.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни