На 10 декември, во 20 часот во малата сала на Филхармонија, ќе се одржи уникатен предновогодишен концерт кој ги обединува звуците на четворица исклучителни музичари.
Оваа вечер ќе биде посветена на уживање во магијата на различни инструменти и стилови.
На сцената ќе настапат – гитара: Мухамед Ибрахими, пијано: Бобан Мирковски, перкусии: Ратко Даутовски и чело: Фјола Исмаили
Овој спој на музичари е ретка можност за сите љубители на музиката да доживеат хармонија што инспирира и разбудува емоции. Ќе уживаме во звуци кои го слават искуството, талентот и убавината на музиката, создавајќи незаборавна вечер за секој присутен.
Влезници: www.mktickets.mk