Во петок на 11.07.2025 година во црквата Света Луција во Драч, со почеток во 19:30 часот, концерт ќе одржат македонските уметници Ана Митоска – сопран и Јанинка Невчева – пијано
Концертот е во организација на Културно информативниот центар на Северна Македонија во Тирана, во соработка со Фестивалот за камерна музика во Драч.
Фестивалот за камерна музика во Драч е еден од најпрестижините фестивали за класична музика во Албанија и оваа година се одржува по 20-ти пат. Концертот на македонските уметници е дел од заложбите на директорката на КИЦ Тирана Ема Попивода, за продлабочување на културната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, преку промоција на високи уметнички достигнувања и размена на музички вредности.
Овој настап претставува уште една потврда за важната улога на македонските музичари на регионалната културна сцена, како и за посветеноста на Македонскиот културен центар во Тирана во афирмирањето на македонската уметност во Албанија.