Концерт на Казухиро Котецу и Елена Васова вечерва во Филхармонија

На сцената ќе настапи јапонскиот оперски пејач- Казухиро Котецу, кој ќе ги изведе „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ …

Во Македонската филхармонија вечерва со почеток од 20:00 часот ќе се одржи концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“, музички настан што ќе го отсликува длабокото пријателство меѓу нашата држава и Јапонија.

На сцената ќе настапи јапонскиот оперски пејач- Казухиро Котецу, кој ќе ги изведе „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ и други песни.

Публиката ќе има можност да чуе и познати јапонски и македонски песни, внимателно избрани композиции кои ќе ја истакнат поврзаноста помеѓу македонската и јапонската култура,

-Овој концерт ја рефлектира мојата длабока љубов и благодарност кон Македонија. Сè започна кога првпат ја отпеав ‘Болен ми лежи’ во 2013 година. Тогаш не знаев дека срцето ќе ми остане тука. Со текот на времето, македонските песни станаа дел од мене. Сакам преку музиката да ја пренесам таа љубов и да придонесам за уште посилна врска меѓу нашите народи, изјави Котецу.

Како што е најавено, на концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“ ќе учествуваат јапонскиот женски хор Томони Утао (Tomoni Utao), со пијано придружба на Акико Каназава, македонскиот мешан хор Про Арс, под диригентство на Сашо Татарчевски, и специјални гости: пијанистот Иван Трајковски и јапонската сопранистка Чихиро Суганума.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни