Концерт на камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ на МММ во „Св. Софија“

Камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“ на Музичката младина на Македонија вечерва во 21 часот во црквата „Св. Софија“ ќе настапи во рамките на фестивалот Охридско лето. На програмата се дела од Моцарт, Росини, Хендл, Џордани, Чајковски, Перголези, Шуберт, Шнитке и од Пјацола. Со концертот МММ продолжува да го одбележува 60-годишниот јубилеј со настапите на Камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“. Утревечер во 20.30 часот, во Сули ан ќе гостува на Скопско лето.

Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а како солист ќе настапи сопранот Марија Ташевска.

Камерниот оркестар „Саша Николовски-Ѓумар“, составен од млади талентирани музичари, се подготвува за настапите во рамките на Летниот музички камп на Музичка младина на Македонија во Струга. За време на подготовките, концерт-мајсторот Мартин Димитров – виолинист во Македонска филхармонија, одржува музички работилници, на кои споделува искуство и знаење со останатите членови на оркестарот.

Во оркестарот годинава членуваат виолинистите: Маријана Лазаревиќ, Стојанка Пешиќ, Бојана Митковска, Наталија Николовска, Дарко Гроздановски, Симеон Гошев, Божана Гошева, Марија Ристовска, виолистите :Кристина Стојановска, Бојана Шеровиќ, Верица Ајтовска, виолончелистите: Магдаледа Дрмач и Александар Ицковски и контрабасистот Андреј Јовановиќ.

Според програмските активности по повод шеесетгодишнината на Музичка младина на Македонија, во ноември ќе се одржи и концерт со Македонска филхармонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни