По минатите два распродени концерти во МКЦ Денсинг и Кино Фросина, впечатлива летна турнеја со околу 20 концерти низ Македонија, Балканот и Европа – Фанк Шуи ветуваат незаборавно музичко искуство вечерва на 26 април, на новата сцена на Културнo-едукативниот Центар Лабораториум. Почетокот на концертот е закажан за 21:00 часот.
Билети за концертот се продаваат по цена од 600 денари и истите можат да се набават на www.ticketx.mk, како и во ЛАБ Кафе.
На концертот ќе се продава merch во лимитиран тираж.