45. издание на манифестацијата „Скопско лето“

Концерт на Елена Голомеова – сопран и Нита Груби – пијано

Во понедекник на 15 јули во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се одржи концерт на Елена Голомеова – сопран и Нита Груби – пијано.

На концертот ќе бидат изведени дела од Џузепе Верди, Ернесто де Куртис, Виктор Масе, македонски староградски песни во класичен аранжман, израелска музика итн….

Елена е родум од Штип, Македонија.Дипломира на отсекот по лирско пеење на Националниот конзерваториум во Ница, Франција со просек 10. Магистерски студии запишува кај Жаклин Бонардо врвен професор по француски оперски репертоар на Скола Канторум на Сорбона во Париз, Франција. Финалист е на Меѓународниот натпревар за опера и оперета во Марсеј. После дипломирањето на сцената на операта во Ница игра во главнате улоги на: Remi во светската премиерна изведба на новата популарна опера « Sans Famille» од Жан-Клод Пети, во режија на Пол-Емил Фурни, под диригентство на самиот Жан Клод Петит. Елена игра и во други Национални опери како Операта во Монте Карло, оперскиот театар на Мец Метропола, Националната опера на Лорен, Лион, Париз, Марсеј, Тулон. Има соработувано со контроверзниот германски режисер Давид Херман, а исто така има снимано ДВД со Жан- Филип Лафон светски познат баритон воедно и советник на францускиот Председател Емануел Макрон. На фестивалот Шуберт во Левенс настапува во придружба на познатиот пијанист Франсуа- Рене Душабл…Елена има многу позитивни критики во музички списанија како и во дневни весници во странство, достапни на нејзината веб страна, кои се осврнуваат доста често на нејзинатасветла и нежна боја како и на театралниот талент на сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни