Концерт на Дарко Рундек и Биг бенд на ЗЏМ во Скопје

Хрватскиот музичар Дарко Рундек ќе одржи концерт на сцената на Македонската филхармонија на 14 септември, заедно со Биг бендот на Здружението на џез музичарите. Настапот на некогашниот фронтмен на групата „Хаустор“ е по повод 25-ти роденден на „Екотип“. Рундек не е непознат за македонската публика, која секогаш се радува на неговите настапи.

Дипломирал режија на Академијата за драмска уметност во Загреб. Режирал неколку претстави, радиоемисии и радиодокументарни филмови. Во 1991 година се преселил во Париз. Бендовите со кои настапува по доаѓањето во Париз се „Rundek Cargo Orchestra“ и „Rundek Cargo Trio“ со кои снимил неколку албуми. Последниот албум бил издаден во 2015 година под името „Мостови“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни