ЕФТЕРКЛАНГ е дански бенд составен од три пријатели од детство, Мадс Браусер, Каспер Клаусен и Расмус Столберг. На 27 септември 2024 година го објавија нивниот 7 студиски албум насловен како “Things We Have In Common” со што ја започнаа својата светска турнеја.
Документарниот филм, “Efterklang: The Makedonium Band” во режија на Андреас Јонсен во кој свое продуцентско учество зазема и јавната културна установа МКЦ, беше премиерно прикажан во рамки на фестивалот “CPH:DOX” во Копенгахен, додека домашната премиера се реализираше во рамките на минатогодишниот филмски фестивал Синедејс.
Билетите за концертот на 1 мај се ограничени и може да се набават на веб страната bileti.drugastrana.mk.