Концерт на Chad McCullough и врвни македонски џезери во Литература.мк

Квартетот ќе го претстави албумот „Transverse“, снимен во САД, каде што џезот се спојува со македонскиот фолклор во уникатна и современа музичка приказна.

Американскиот трубач Chad McCullough и тројцата врвни македонски џез музичари — Гордан Спасовски (пијано), Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Виктор Филиповски (тапани) — ќе одржат концерт на 18 јули (петок) со почеток во 21:30 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“. 

Квартетот ќе го претстави албумот „Transverse“, снимен во САД, каде што џезот се спојува со македонскиот фолклор во уникатна и современа музичка приказна.

Соработката меѓу овие музичари започна пред шест години со случаен настап во скопско кафуле, а денес е длабока музичка врска и авторски материјал што мора да се чуе.

 Бројот на места е ограничен! Резервации на: 070 391 100.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни