Концерт на Божана Гошева и Весна Ангелова-Христов во Музеј на Македонската борба

На програмата ќе бидат дека на В. А. Моцарт, дела на Т. Зографски, Н. Паганини, Ј. С. Бах: , Х. Виењавски, П. Сарасате

Во среда на 30 април во 20 часот во Музеј на Македонската борба ќе се одржи концерт на Божана Гошева и Весна Ангелова-Христов. На програмата ќе бидат дека на В. А. Моцарт: Соната бр. 18, Г – дур, K.301
– Allegro con spirito, Allegro, дела на Т. Зографски: Песна за соло виолина, Н. Паганини: Каприс бр. 16
пауза, Ј. С. Бах: Партита – Sarabande, Gigue бр. 2 , Д-мол , BWV 1004,. Х. Виењавски: Концерт бр.2 , Д-мол, Oп.22 Allegro moderato – П. Сарасате: Интродукција и тарантела.

Божана Гошева (2006) е родена во семејство на музичари и со музиката е во контакт од најраното детство. Нејзините први музички настапи биле на детски фестивали, каде што настапувала како солист и во хорот на „Златно Славејче“. Во 2010 година почнала да учи виолина во класата на проф. Анна Кондратенко, а потоа и во класата на проф. Румен Димитриев. Понатамошното образование го продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф. Јелена Туфекчиевска, каде што ги поминува сите четири години од средното образование. Во текот на своето школување Божана Гошева има настапувано на многу меѓународни и државни натпревари на кои има освоено високи први и специјални награди. Во 2024 година е добитник на престижната награда на Фондацијата „Илија Николовски-Луј“ за високи достигнувања во текот на школувањето. Покрај солистичките настапи, настапите на натпревари активно учествува и во работата на училишниот симфониски и камерен оркестар каде што е на позиција концертмајстор под раководство на проф. Фи Фи Ле. Во сите нејзини активности би било неблагодарно да не се споменат безбројните семинари и мастер класи кај реномирани професори како: Владимир Марковиќ, Пачалин Павачи, Емилио Перцан, Марко Симовиќ, Кирил Трусов, Ханс Петер Хофман, Сихана Бадивуку, Селин Лесаж, Јанез Подлесек, Роберт Лакатош, Барнабеш Келеман… Има учествувано на голем број концерти, аудиции и други музички настани во и надвор од Македонија, стекнувајќи богато сценско искуство и професионален развој. Во престојната сезона 2025/2026 година, Гошева ќе одржи голем број на солистички концерти низ Македонија (Скопје, Струмица, Гевгелија и Тетово), носејќи ја својата уметничка визија пред пошироката публика.
Настапувала како солист со оркестарот на Македонската филхармонија, член е во Камерниот оркестар на МММ „Саша Николовски-Ѓумар“ , а ако хонорарен соработник учествува во проектите на оркестарот за филмска музика „Фејмс“ Настапувала и на фестивали како „Охридско лето“ , „Скопско лето“, „Виолин фест“ и многу други.

Пијанистката Весна Ангелова-Христов основно и средно музичко образование го завршува во Скопје, во класата на проф. П. Среброва. На 17-годишна возраст е примена на ФМУ – Скопје, дипломирајќи пијано со највисока оценка, во класата на проф. Б. Романов. Магистрира интерпретација на пијано на ФМУ, под менторство на проф. Р. Кинка (Академија на уметности Нови Сад, Р Србија). Во текот на своето школување е добитник на многубројни државни и меѓународни награди и признанија (Србија, Германија), специјална награда и неколку први награди на државните натпревари по соло пијано и камерна музика. Стипендист е за културно дејствување и културен престој во Париз (2008). Во 2017 во Њујорк, реализира неколку проекти преку Македонскиот културен центар.

Учесник е на меѓународни мастер класи кај: Б. Романов, Р. Кинка, А.Џиков, Ј. Михајловиќ, Ј. Клепач. Добитничка е на стипендија на МММ за учество на Меѓународен мастер клас во Вајкерсхајм, Германија. Настапувала како солист и камерeн музичар во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Франција, Германија, Турција, Чешка, САД, на домашни и на меѓународни фестивали и била повеќепати солист со Македонската филхармонија. Нејзиниот афинитет кон камерната музика ја насочил кон формирање на пијано трио и пијано дуо, а како пијано соработник најчесто настапува со виолинисти, придружувајќи ги младите музичари на натпревари, семинари и на концертните подиуми. Работи како професор по пијано и камерна музика во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни