Концерт на бендот Next to Silence во Котур

Next to Silence немаат правец, но имаат насока. Сочинети од членови на некои од најистакнатите македонски музички состави и оркестри, Next to Silence ја следат епифанијата од звукот по кого трагаат, движејќи се по насоката за која не знаат во кој правец ги води

Во четврток на 27 февруари во 21:30 часот, во Котур ќе се одржи концерт на бендот Next to Silence. Бендот го сочинуваат: Кирил Кузмановски – саксософон, Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас и Гоце Наумов – барабани.

„Next to Silence немаат правец, но имаат насока. Сочинети од членови на некои од најистакнатите македонски музички состави и оркестри, Next to Silence ја следат епифанијата од звукот по кого трагаат, движејќи се по насоката за која не знаат во кој правец ги води. Токму во ова поднебје тие го творат она за кое не постои детерминирана перспектива и она што им отвора широк простор за музичка нарација. Нивната музика досегнува предели и поимања кои тие ги допираат единствено поради уникатниот спој на нивните различни музички карактери и поради истенчената префинетост да се говори без зборови. Тука тие се најмоќни и преку вештото испреплетување на духовноста и сарказмот, беседат за она што е далеку од нивната тактилност, но длабоко вкоренето во нивното осмислување на светот“ велат организаторите.

Билети во претпродажба во барот на Котур Кафе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни