Концерт на „Баклава“ вечерва во Куршумли ан

Како што е најавено, на концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија – „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечерва во Куршумли ан музичката група „Баклава“ ќе одржи концерт, со кој ќе одбележи две децении од своето музичко творештво.

Како што е најавено, на концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија – „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, „IV“ и „За Скопје со љубов“, како музичко патување низ љубовта, традицијата и урбаниот ритам. 

-Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, „Баклава“ ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера. Очекувајте вечер исполнета со искрен израз, виртуозност и длабоки емоции. Влезот ќе биде регулиран со влезници, кои ќе се продаваат на влез на Куршумли ан, пред почетокот на настанот, соопштија од Дирекцијата за култура и уметност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни