Концерт на ансамблот „Алтус НЗ“ на фестивалот „Скопско лето“

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер ќе настапи ансамблот за нова музика „Алтус НЗ“ со концерт  во Салонот 19’19. 

Како што информира ансамблот, нивниот концерт е дел од мала турнеја на која се претставиле со дела од композиторите Дарија Андовска, Михајло Трандафиловски, Панде Шахов, Томислав Зографски, Филип Иванов, како и со светската премиера на делото „Свадбениот танц на Влаина планина” од Ангел Спироски и со изведбата на „Dérive 1“ од композиторот Пјер Булез во чест на 100-годишнината од неговото раѓање. 

Во ансамблот „Алтус НЗ“ членуваат музичари кои претходно биле дел од ансамблите „Алеа“ и  „КонТемпора“: Паскал Галоа – уметнички раководител и диригент; Гонца Богоромова Краповски – сопран; Елена Стојческа – флејта; Игор Иванов – кларинет; Ромен Петио – гитара; Мартин Димитров – виолина; Александар Лаовски – виола; Паскал Краповски – виолончело и Маријана Николовска – пијано.

Како што велат, нивна цел е афирмација на современата музика на домашната и на меѓународната сцена.

Тоа резултираше со оформување на ансамблот „Алтус НЗ“ како актуелен наследник на работата на претходните ансамбли. Со своето основање  во  2021  година, ансамблот постави платформа за меѓународна соработка помеѓу исклучителни уметници – љубители на современата музика, меѓу кои и Французи, а сето тоа со едноставна премиса: да се понуди висок изведувачки квалитет, мобилност и флексибилност на концертниот   подиум,   како   и   вмрежување   на   изведувачи,  композитори, универзитети и институции   за   култура   и образование,   охрабрувајќи   ги   да   преземат   создавање   на  нов, предизвикувачки репертоар, наведува „Алтус НЗ“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни