Концерт на ансамбл Консонанс во Офицерски дом – КИЦ Битола

Ансамблот  „Консонанс“ е основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на почетокот беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти

Концерт на ансамблот „Консонанс“  ќе се одржи на 22.10.2025 г. во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола,  во 20 часот.

Ансамблот  „Консонанс“ е основан во 2007 година, е истакнат ансамбл кој на почетокот беше составен исклучиво од дрвени дувачки инструменти, но денеска во својот состав вбројува и други инструменталисти кои го збогатуваат звукот на овој ансамбл. Консонанс е посветен на изведбата на камерната музика истражувајќи ги огромните можности пред се на дрвените дувачки инструменти кои го сочинуваат Консонас, а тоа се: флејта, кларинет, англиски рог, бас кларинет, како и останатите инструменти вклучени најчесто како концертни гости.  Ансамблот го сочинуваат членови од Македонската Филхармонија и тоа: Здравко Ангелов – кларинет, Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Сашко Темелкоски – Бас кларинет и Елена Дојчинова – флејта како и композиторот и акордионист Дарко Илиевски. Сите овие музичари со долгогодишно искуство  подеднакво се посветени на оркестарската, соло и камерната музика.

Консонанс како ансамбл има настапувано на најпрестижните национални фестивали и настани во Македонија како и во Црна Гора, Бугарија, Хрватска и САД. Ансамблот има издадено и едно ЦД.

На програмата се дела од: Ф. Иванов, Б.Цанев, Д.Илиевски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни