Концерт „Миланова игра“ – концерт во чест на маестро Милан Завков

На 27 март 2026 година, Македонската Филхармонија ќе биде домаќин на концертот „Миланова игра“, посветен на музичкото наследство на композиторот Милан Завков, со камерна интерпретација на неговите најзначајни дела.

„Миланова игра“ е концерт кој ја оддава почитта кон еден од највлијателните македонски композитори и културни дејци – маестро Милан Завков, чиј придонес во развојот и афирмацијата на македонската народна музика остави длабок белег.

Концертот има за цел повторно да го приближи неговото творештво до публиката преку современи музички интерпретации кои ја спојуваат традицијата со модерниот израз. Изведбата ќе се реализира со камерен оркестар, специјално составен за оваа пригода.

Програмата опфаќа избрани вокални и инструментални композиции од опусот на Завков, преработени од аранжерите Дамир Имери и Дарко Илиевски. Нивните нови аранжмани внесуваат свежина и модерност, комбинирајќи ја топлината на народниот звук со современи музички пристапи, хармонски решенија и оркестрации прилагодени за камерна изведба.

„Миланова игра“ претставува можност наследството на Милан Завков да се слушне како жива, актуелна и уметнички релевантна музика, наменета за сите кои ја препознаваат вредноста на македонската фолклорна традиција и бараат музика со културен контекст, приказна и длабочина.

Концертот ќе се одржи на 27 март 2026 година во Македонската Филхармонија со почеток во 20:00 часот. Влезниците се достапни онлајн на mktickets.mk.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни