Голем јубилеен концерт на Љубојна за 25 години постоење

Љубојна ја прославува 25-годишнината од своето постоење со целовечерен концерт во Филхармонија во Скопје на 29 март, исполнет со емоции, енергија и музички магичен набој.

Љубојна, една од најавтентичните македонски музички групи, ја започнува 2026 година со голема концертна прослава за одбележување на 25 години творештво. Настанот ќе се одржи на 29 март со почеток во 20:00 часот, во Големата сала на Филхармонија во Скопје.

Бендот Љубојна – чиј назив произлегува од зборовите „љубов“ и „бој“ – е еден од најрепрезентативните музички колективи во регионот. Со својот препознатлив звук, групата автентично го пренесува пулсот на музичкиот бит, создавајќи музика која е модерен, космополитски израз на енергија и емоција.

Својот звук, со комбинација на изворни, класични, популарни и експериментални форми, Љубојна го соопштува преку фантастичната вокална експресија на Вера Милошевска и музичките интерпретации на Оливер Јосифовски, кои веќе 25 години се бренд и синоним за бендот. Музиката на Љубојна е спој на радост, тага, страст, фанк, соул, фолк, ориентал, џез и многу повеќе, создавајќи звук кој е моќен, кадифен, енергичен и вечен.

На концертот, македонската публика ќе има можност да ужива во нивниот препознатлив автентичен израз, магичен сценски набој и специјални гости кои ќе бидат дополнително објавени. Настанот ветува незаборавна музичка вечер која ја слави безвременската музика на Љубојна и нивната 25-годишна кариера.

Влезници се достапни онлајн на mktickets.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни