КомшиLOOK – прослава на креативноста, изразувањето и единството во Шуто Оризари

На 28. септември ќе се претстават локални и меѓународни уметници, изведувачи и музичари кои ќе ги прикажат своите таленти и уникатни перспективи. Ова издание на фестивалот ќе биде прослава на креативноста, изразувањето и единството

КомшиLOOK фестивалот кој ја носи уметноста во скопските маала, на 28. септември ќе се одржи на улица Волт Дизни во населба Шуто Оризари.

Темата на овој КомшиLook е „Видливост“, тема инспирирана од бели ракавици носени од култниот лик на Мики Маус (Mickey Mouse), ко-креиран од авторот Волт Дизни (Walt Disney).

,,Имаме за цел да ја истакнеме заедницата која заслужува да биде видена и слушната. Мики Маус е антропорфен глушец креиран пред 96 години, кој најчесто носи црвени панталони, големи чевли и бели ракавици. Во анимацијата, односно во анимираните цртани филмови, белите ракавици се користеле за да ги направат движењата на ликовите поизразени и јасни. Нашиот фестивал го прифаќа овој симболизам – исто како што ракавиците ги оживеале анимираните ликови, ние се трудиме да ги истакнеме приказните и креативноста на заедница која живее на улицата Волт Дизни, осигурувајќи дека добиваат заслужено внимание. На 28. септември ќе ви претстави локални и меѓународни уметници, изведувачи и музичари кои ќе ги прикажат своите таленти и уникатни перспективи. Ова издание на фестивалот ќе биде прослава на креативноста, изразувањето и единството” велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни