КомшиLOOK – финалист за престижната европска награда New European Bauhaus

Проектот КомшиLOOK се најде меѓу финалистите за овогодинешната награда New European Bauhaus (NEB) – признание што Европската Унија го доделува на иницијативи кои успешно ги спојуваат одржливоста, естетиката и инклузивноста.

КомшиLOOK е препознаен во категоријата „Враќање на чувството на припадност“, која наградува проекти што повторно ги поврзуваат луѓето со нивната заедница, простор и културна средина. Со овој успех, КомшиLOOK не само што се истакна меѓу десетици апликации од цела Европа, туку доби и можност Македонија да ја добие оваа престижна европска награда.

Граѓаните може да дадат поддршка преку јавен онлајн глас. Гласањето е отворено до 10 јули, а секој глас е од значење.

Процедурата е едноставна:

  1. Кликнете на опцијата „Vote Now“
  2. Изберете „I want to participate“
  3. Внесете ја вашата е-пошта
  4. Проверете го пристигнатиот мејл и гласајте за КомшиLOOK

Проектот КомшиLOOK претставува пример за тоа како урбаните средини може да се трансформираат преку вклучување на локалната заедница и промовирање на културна и социјална одржливост. Нивната работа досега ги инспирираше жителите повторно да го почувствуваат својот крај како свој дом, со што проектот доби меѓународна видливост и признание.

New European Bauhaus Prize ја афирмира идејата дека убавото, корисното и заедничкото можат да одат рака под рака, создавајќи иднина која е и зелена, и праведна, и инспиративна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни