„Комшилоок“-фестивалот кој ја издигнува локалната културна сцена

Фестивалот „Комшилоок“ кој вчера се одржуваше во населбата Железара на неколку урбани локации помеѓу градските блокови, скали, тераси и пролази, донесе нова надеж за издигнување на локалната културна сцена во градот.

Населбата Железара вчера беше центар на културните случувања во градот. Фестивалот„Комшилоок“ успеа да ја донесе креативноста во урбаните кратчиња на градот и да ни го врати чувството на заедништво.

Оркестар распореден на терасите од познатите „Црвени згради“ на улицата Коце Металец, театарски изведби на плочникот пред зградите, музички перфоманси помеѓу урбаните блокови на зградите, проекции на филмови, тетарски претстави, изложби и светлосни проекции, оперски пејачи качени на кран, ручек со непознати во становите, театарска проекција во автобусот 16-ка, се дамо дел од работите кои вчера ни ги донесе „Комшилоок“.

Скопје вчера вечер звучеше и изгледаше поинаку. Фестивалот освен што собра извонредни уметници, не потсети на живиот дух на заедница во која израснавме, важноста да се здружиме и радоста да се доживее нешто навистина посебно токму во сопствениот двор. „Комшилоок“ ја донесе магијата до нашиот праг и нашата улица. Притоа успеа да ги трансформира неочекувани локации во центри на креативност и инспирација. Ја пронајдете уметноста и нејзината убавина во најобичните места, позади зграда, пред влезовит, на балконите…

„Комшилоок е мултимедијален фестивал кој го слави вкрстувањето на уметноста и заедницата, прикажувајќи различни форми на изразување, од визуелни уметности до перформанси во соседството. Преку социјалниот актвизам, фестивалот има за цел да ги вклучи жителите во значаен дијалог, да инспирира колективна акција и да поттикне чувство на единство и зајакнување во локалната заедница. Комшилоок е фестивал каде што креативноста се среќава со заедницата – калеидоскоп на музика, танц, театар и уметност токму во населбата Железара“ велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни