КомшиLOOK е меѓу 10-те финалисти на Art Explora – Académie des Beaux-Arts European Award 2025

Комшиlook е настан кој претставува уникатен приказ на уметност, музика, театар, претстави и изложби

КомшиLOOK е меѓу 10-те финалисти за наградата на Art Explora – Académie des Beaux-Arts European Award 2025. објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи.

Со еден глас до понеделник можеме да ја освоиме награда од 30.000 евра и да го реализираме следното изданиe на Комшиlook Железара, се наведува во објавата каде се повикуваат граѓаните да гласаат.

Комшиlook е настан кој претставува уникатен приказ на уметност, музика, театар, претстави и изложби.

Мисијата на Комшиlook е поттикнување емпатија, разбирање и социјална кохезија преку моќта на уметноста и културата. Комшиlook се стреми да негува глобална заедница каде што да се биде добар сосед е синоним за да се биде одговорен граѓанин и секој поединец, инспириран од креативното изразување, станува активен учесник во поттикнувањето емпатија, разбирање и социјална кохезија.

Досега се одржани неколку вакви настани, а последниот беше во селото Побожје на Скопска Црна Гора.

Гласањето за Комшиlook на следниот линк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни