КомшиLOOK ги активираше занемарените простори, стратешки избирајќи локации кои ги претвори во нови времени културни центри достапни за сите. Заради својата креативност и иновативност кои донесоа промени во културата, им го доделивме Признание за најдобра интервенција во јавен простор која предизвикува демократска промена .
„Комшилоок“, која оваа година продолжи да гради мостови меѓу заедниците, охрабрувајќи ги луѓето да споделуваат, соработуваат и да си помагаат. „Ова признание е за секој комшија кој верува дека заедно можеме да направиме разлика. Благодарни сме што нашата идеја допре до толку многу луѓе,“ изјавија од „Комшилоок“, ветувајќи дека ќе продолжат да го шират духот на солидарност и добрососедство.
-Во име на тимот на КомшиЛоок чест ми е да ја добиеме оваа награда за најдобра иницијатива во јавен простор која што поттикнува позитивни промени. Оваа награда не е само за нас, туку е за сите комшии, уметници, изведувачи и сите оние кои беа дел од нашето патување. Нашиот фестивал произлезе од една едноставна но иновативна идеја, а тоа беше да ги направиме културата и уметноста достапни за сите. Навистина ни е драго што ја почуствувавме моќта дека навистина можеме тоа и да го направиме. Ви благодарам на сите. Благодарам ТРН за оваа награда. На сите поддржувачи, партнери, комшии кои што помогнаа да ја оствариме оваа наша визија и да работиме уште и на неа. Навистина се радувам дека и понатаму ќе работиме заедно да направиме повеќе вакви простори каде што секој ќе се чуствува виден, слушнат и почитуван. Ви благодарам за довербата! – изјави Стефан Александар Јовановски од Комшилоок.
КомшиLOOK замислува свет каде што уметноста и културата се развиваат преку динамичен социјален мултимедијален пристап, надминувајќи ги традиционалните граници. Преку курирани мултимедијални искуства од повеќе различни дисциплини, има за цел да поттикне дијалог, да провоцира креативност и да инспирира позитивни општествени промени