Компанијата X на Илон Маск ја тужи државата Њујорк поради закон за чувствителни информации

Компанијата X, во сопственост на милијардерот Илон Маск, поднесе тужба против главниот обвинител на државата Њујорк, тврдејќи дека новиот закон кој бара од социјалните мрежи да откријат информации за тоа како се справуваат со говор на омраза, екстремизам, дезинформации и други контроверзни содржини – е противуставен.

Во жалбата поднесена до федералниот суд во Менхетен, се наведува дека овој закон ја изложува компанијата на можни тужби и високи казни, доколку не сподели „многу чувствителни и спорни содржини“ кои можеби ѝ пречат на државата, но се заштитени со Првиот амандман на американскиот Устав, пренесува „Ројтерс“.

Во тужбата се потсетува дека законот во Њујорк е сличен на оној во Калифорнија, чие спроведување минатата година делумно го блокираше федерален апелациски суд поради загриженост за слободата на говорот.

Цитирано е и писмо од двајца американски законодавци, автори на законот, кои наведуваат дека компанијата X и лично Маск имаат „загрижувачко досие кога станува збор за модерирање на содржини што го поткопуваат демократскиот поредок во САД“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни