Компанијата „Бош“ ќе укине 12.000 работни места низ целиот свет

Минатата година, профитот пред камати и даноци (EBIT) паднал за една третина – на 3,2 милијарди евра. Во 2023 година, „Бош“ остварил оперативен профит од 4,8 милијарди евра. Приходите паднале за еден процент, на 90,5 милијарди евра.

Компанијата „Бош“ до 2032 година планира да укине 12.000 работни места низ целиот свет, а само во Германија оваа одлука може да погоди 7.000 работници, пишува „Билд“.

„Не можеме да избегнеме понатамошно намалување на бројот на вработените“, изјави извршниот директор на „Бош“, Штефан Хартунг, нагласувајќи дека причините за ова се слабата глобална економија во автомобилската индустрија, зголемената конкуренција од Кина и немоќта на потрошувачите.

Голем проблем претставува преминот од мотори со внатрешно согорување на електричен погон. Според Хартунг, овој процес ќе доведе до значителено губење на работни места. Сепак, позитивен аспект е тоа што електрификацијата доаѓа побавно отколку што се очекуваше, што овозможува подолготрајно искористување на постоечките капацитети за мотори со внатрешно согорување.

Исто така, многу вработени ќе се пензионираат пред да бидат укинати нивните работни места. Сепак, како што нагласи извршниот директор на „Бош“, тоа само по себе нема да го реши проблемот. Тој додаде дека „нема алтернатива на електричната мобилност“ и дека „Бош“ се прилагодува на тоа.

Кон крајот на 2024 година, „Бош група“ имала 417.900 вработени низ светот – 11.500 помалку отколку во претходната година. Само во Германија бројот на вработени е намален за 4.400, на вкупно 129.800.

Минатата година, профитот пред камати и даноци (EBIT) паднал за една третина – на 3,2 милијарди евра. Во 2023 година, „Бош“ остварил оперативен профит од 4,8 милијарди евра. Приходите паднале за еден процент, на 90,5 милијарди евра.

И покрај предизвиците, „Бош“ оваа година планира зголемување на профитот, а конкретната прогноза се очекува во мај. Хартунг сепак е опрезно оптимистичен и оваа година ја нарекува „година на транзиција“, во која „преобратот на подобро треба да стане видлив“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни