„Имајќи го предвид степенот на досегашната деструкција, итната потреба за реставрација на природните и културните вредности на подрачјето, екстремно загрижени поради сите сеуште нереализирани (но усвоени/одобрени) планови и проекти и реалната опасност за неповратно губење на интегритетот и автентичноста, бараме Комитетот за светско наследство на својата 47 сесија во Париз, Франција, да го заштити и зачува Охридскиот Регион за сите идни генерации, со тоа што ќе ја усвои нацрт-одлуката за негово впишување во Листата на светски наследства во опасност“, се наведува во писмото доставено до УНЕСКО.
Документот е парафиран од 17 организации од Македонија, 13 од Албанија, една европска мрежа од 15 организации и девет организации од Хрватска, Србија, Бугарија, Австрија и Обединетото Кралство.
Инаку, овие денови во Париз се одржува 47-та Сесија на Комитетот за светско наследство. Во следните неколку дена Комитетот по трет пат ќе гласа дали Охридскиот Регион ќе биде поместен Листата светски наследства во опасност.