Комисијата за заштита на новинари: Израел обвинет за убиството на 31 новинар во Јемен

Комисијата за заштита на новинари (CPJ), со седиште во САД, го обвини Израел за убиството на 31 новинар кои работеле за медиуми под контрола на Хутите, за време на воздушните напади врз Јемен на 10 септември.

Според CPJ, станува збор за вториот најсмртоносен единечен напад врз новинари некогаш регистриран. Иако загинатите се сметаат за дел од военото крило на Хутите, тие сепак требало да бидат заштитени како цивили според меѓународното право.

Израелските напади следеле откако дрон на Хутите, поддржани од Иран, ја пробил израелската воздушна одбрана и погодил воен аеродром во Ејлат, при што беше рането едно лице.

Израелската армија (IDF) соопшти дека цел на ударите биле воени кампови и пропагандни центри на Хутите, како и складиште за гориво. Но, медиумите „26. септември“ и „Јемен“, под контрола на Хутите, објавија дека во нападите загинале нивни редакциски тимови, вкупно 31 новинар.

CPJ обвини дека станува збор за „намерно таргетирање на новинари поради нивната работа“, но засега може да потврди дека девет од загинатите биле навистина новинари.

Израелската армија тврди дека никогаш намерно не ги напаѓа новинарите и дека дел од лицата кои CPJ ги евидентира како новинари се активни членови на вооружени групи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни