Комичната опера „РИТА“од Гаетано Доницети, во изведба на Национална опера и балет, на 6- ти јуни од 20 часот ќе биде изведена во Големата сала во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.
Диригент на операта е Бисера Чадловска, режисер Трајко Јордановски, а ќе настапат солистите Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков и Борко Биџовски.