„Кометата на векот“ ќе биде видлива уште малку, ја забележавте ли на ноќното небо?

Шансите да се види кометата Чучиншан-АТЛАС на небото стануваа сè послаби од ден на ден, додека таа скршнува подалеку од орбитата на Земјата.
Фото: X/@Val_Italo

Наречена од некои како „комета на векот“, Цучиншан-АТЛАС веројатно би можела да биде најсветлата комета во 2024 година, според НАСА, а експертите велат дека нема да се врати во нашиот живот благодарение на нејзиното 80.000-годишно патување околу Сонцето.

Од понеделникот, кометата C/2023 A3 Чучиншан-АТЛАС почнува да станува сè побледа секоја вечер – многу помрачна отколку што беше на 12 октомври. Тогаш кометата се приближи најмногу до Земјата.

Доколку временските услови се поволни и сте во простор со слабо „светлосно загадување“, кометата може да ја видите и со голо око, но се препорачува барем двоглед, со цел подобро да ја набљудувате.

За да ја најдете кометата на ноќното небо, експертите велат дека не треба да гледате горе, туку „надвор“. Се препорачува да излезете од градот, каде што има помалку светла и да погледнете кон запад, веднаш во заоѓањето на сонцето. Експертите велат дека кометата ќе се појавува малку повисоко на небото со секој изминат ден додека на крајот не исчезне од видното поле.

Во Скопје, Скопското астрономско друштво организираше јавно набљудување на кометата, каде што тие имаа обезбедено телескоп, но и инструкции за пронаоѓање на кометата со ваша техника.

На социјалните мрежи професионалните фотографи изминатиот период споделуваа фотографии од кометата над македонските градови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни