Кометата на годината пристигна, како и кога може да ја видите?

По долго чекање и најави, пристигна кометата која се очекува да биде доволно светла за да се види со голо око.
Фото: X/@YBeletsky

„Ако го преживее своето поминување во близина на сонцето, станувајќи еден од најсветлите објекти видливи на северната хемисфера кометата А3 би можела да се покаже како еден од најзначајните небесни настани во годината, па дури и во деценијата“ рече Франк Маркис, директор за граѓанска наука во институтот СЕТИ и ко-основач на производителот на паметни телескопи Unistellar, кој има страница за упатство посветена на комети.

Ако се прашувате како, кога и каде да ја видите кометата А3 – позната и како C/2023 A3 (Tsuchinshan-ATLAS) и „комета на годината“ – еве што треба да знаете.

Кометата А3 прво ќе стигне најблиску до Сонцето, а потоа најблиску до Земјата. И двете од овие прилики ќе овозможат да се набљудува од северната хемисфера.

27 септември- 3 октомври: кометата А3 ќе го достигне својот перихел – ќе биде најблиску до Сонцето – на околу 58 милиони километри и ќе се гледа пред изгрејсонцето. Во овој период, кометата А3 се очекува да биде мрачна и многу блиску до хоризонтот, така што ќе биде тешко да се следи, но според експертите ќе вреди. Се препорачува кометата да се набљудува со двоглед.

12 октомври-26 октомври: кометата А3 ќе дојде најблиску до Земјата на околу 71 милиони километри на 12 октомври и ќе стане видлива по зајдисонце, првично блиску до хоризонтот, но како што се оддалечува од Сонцето ќе се гледа повисоко на небото. Ова е моментот кога се очекува таа да биде најсветла.

Првичните набљудување, додека кометата е блиску до Сонцето се возможни 75 минути пред изгрејсонцето, а потоа, кога таа е најблиску до земјата, идеалното време за набљудување е веднаш по зајдисонецто.

Од 27 септември до 3 октомври, кометата А3 ќе биде видлива во правец исток-југоисток пред изгрејсонце и ќе тоне подолу во хоризонтот секое утро пред да исчезне во сончевиот сјај.

Од 12 октомври до 26 октомври, кометата А3 ќе биде позиционирана на запад по зајдисонце, издигнувајќи се повисоко над хоризонтот секоја вечер.

Кометата можеби нема да биде доволно светла за набљудување со голо око во првиот период, пред изгрејсонце, но двоглед ќе ви помогне. Во вториот период, кога кометата ќе може да се набљудува по зајдисонце, таа ќе биде доволно светла за да се гледа со голо око.

Кометата А3 со голо око ќе изгледа како мала, нејасна топка со опашка насочена подалеку од сонцето.

Кометата е направена од мраз и прашина. Како што се приближува до сонцето, малку се загрева. Тоа предизвикува мразот што го покрива нејзиното јадро да стане гас, создавајќи кома. Овој гас – и прашина – од патеките на кома зад кометата, предизвикуваат опашка, која може да биде долга стотици милиони километри. Опашката на кометата А3 е долга околу 27 степени, исто како и распонот помеѓу малиот прст и палецот ако ја држите раката испружена кон небото.

Сепак, кометата А3 – како и со многу комети – всушност има две опашки. Нејзината сина плазма опашка е направена од јонизиран гас, додека другата, белузлава опашка е направена од прашина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни