Центарот за култура – Штип информира дека во петок (28.03), во Народниот театар – Штип, ќе се одржи комеморација во чест на прерано починатиот м-р Филип Стевановски. Настанот е организиран во соработка со ДМУЦ „Сергеј Михајлов” – Штип и НУЦК „Ацо Шопов” – Штип, а ќе започне во 12:00 часот.
Филип Стевановски беше директор на Центарот за култура во Штип и член на бендот ДНК. Тој трагично го загуби животот во пожарот што избувна за време на нивниот настап во дискотеката ,,Пулс” во Кочани.